Откако конечно го овозможи објавувањето постови минатата година, Instagram продолжува да прави промени во својата веб-верзија или апликација за десктоп.
Најновата промена е воведувањето на освежен кориснички интерфејс кој подобро ги користи големите екрани наместо само да изгледа како поголема верзија на мобилната апликација.
Шефот на Instagram, Адам Мосери, најави ажурирање со нов планер во апликацијата.
„Знаеме дека многу луѓе ја користат мрежата за мултитаскинг, па сакавме да се увериме дека Instagram го нуди најдоброто можно искуство. Сега дизајнот е почист и овозможува побрзо и полесно користење, а исто така подобро ги користи мониторите со поголеми екрани“, изјави Мосери.
🎉 New Features 🎉
Some “finally features” that I think you’re going to be excited about…
– Schedule Posts (coming soon)
– IG Web Updates pic.twitter.com/5tyMxWh1n8— Adam Mosseri (@mosseri) November 8, 2022
Како што може да се види, менијата за почетната страница, пребарување, истражување, пораки и известувања се преместени во нова странична лента која се собира во икони во зависност од големината на екранот. Приказните се прикажани на врвот, додека профилот, предлозите и се друго е на десната страна. При изборот на кое било мени, левата лента со мени останува, што ја прави навигацијата побрза и полесна.
Новиот интерфејс го олеснува користењето на Instagram на веб, но сè уште нема знаци за посебна апликација за iPad. Претходно оваа година, Мосери рече дека iPad „не е доволно голем“ за наменската апликација да биде приоритет за Instagram. Барем засега останува да се користи веб верзијата за подобро корисничко искуство.