Сè што треба да знаете за револуцијата на мобилната фотографија
Паметните телефони се уреди кои претрпеа неверојатна трансформација само во последните неколку години. Од првите модели кои беа наменети за основна комуникација, добивме сеопфатни гаџети кои одговараат на сите човечки потреби. Еден од брендовите што инвестираше многу во иновациите од своето основање и од година во година продолжи да носи уреди кои ги поместуваат границите и им го олеснуваат секојдневниот живот на луѓето ширум светот е секако компанијата Xiaomi. Благодарение на ова, тие станаа еден од најголемите светски производители на мобилни телефони. Телефоните потпишани од овој бренд секогаш се украсени со напредни технолошки решенија, како и со неспоредлив дизајн и камера, а сето тоа беше подигнато на повисоко ниво во јули оваа година. Имено, претставен е моделот Xiaomi 12S Ultra кој во многу аспекти ги помести границите кога се во прашање смартфоните.
12S Ultra е создаден како дел од стратешкото партнерство со познатата компанија Leica и уште од првиот момент на појавувањето привлече големо внимание. Телефонот кој е создаден со помош на најнапредната технологија на располагање и препознатливата Leica камера направи вистински метеж на светскиот пазар на мобилни телефони, доволно беше да ги заинтересира и најрамнодушните и ги најави големите промени и иновации кои не чекаат во годините што доаѓаат.
Овој модел е водечки уред кој, заедно со одличниот систем на камера, го комбинира длабокото разбирање на Leica за оптиката и квалитетот на сликата со богатото искуство на Xiaomi во производството на паметни телефони со напредни функции на камерата. Покрај тоа што ги има брилијантните Leica Summicron леќи кои му овозможуваат да прави неверојатни фотографии, тој има и огромен сензор IMX989 од една инчи од Sony, кој благодарение на широкоаголната камера од 48 MP ви овозможува да постигнете севкупно подобра слика при ниски светлосни услови.
Покрај тоа, ова е првиот паметен телефон кој поддржува снимање и репродукција на видео Dolby Vision HDR, формат кој додава живи бои, поостар сооднос на контраст и побогати детали, ќе го збогати сечие искуство при гледање. Без разлика дали стримувате филм или гледате снимки од вашето патување или одмор, неверојатно богатата палета на бои ќе ве собори од нозе, додека двојните стерео звучници Dolby Atmos ќе го оживеат секој звук и ќе создадат филмско искуство! Овој модел има два специјално развиени Xiaomi Surge чипови, чипсетот Xiaomi Surge P1 за брзо полнење и чипсетот Xiaomi Surge G1 за управување со батеријата, нудејќи големи подобрувања во управувањето со батеријата и целокупното корисничко искуство. Телефонот има и еден од најбрзите процесори денес, Snapdragon 8+ Gen 1.
Она што го издвојува 12S Ultra од пазарната понуда е тоа што овозможува користење на автентични режими на Leica за сликање. Постојат два режима: добро познатиот режим на Leica Authentic Look, кој зачувува висок контраст на сликата без прекумерно разубавување или подобрување, но исто така и режимот Leica Vibrant Look, кој всушност е соработка помеѓу двата бренда, комбинирајќи ги главните карактеристики на камерата. Со споменатите режими, секој може да стане професионален фотограф, а вашите фотографии ќе добијат нов изглед. А за вашите слики да изгледаат како оние од светски познатите списанија, постојат четири филтри Leica наречени природни, живописни, BW природни и BW висок контраст, со кои мобилните фотографии добиваат нова димензија.
Xiaomi 12S Ultra е, по многу параметри, навистина посебен уред кој на свој начин докажува до каде може да не однесе трудот и вложувањето. Првата е производ на стратешката соработка на две познати компании која беше најавена во мај годинава и е показател за тоа какви тектонски промени не очекуваат во годините што следат. Xiaomi и Leica ги делат истите идеи кога станува збор за мобилната фотографија. Двете компании сакаат континуирано да ги истражуваат оптичките перформанси и фотографското искуство во мобилната ера преку значајни технолошки откритија и естетски определби, на кои двете компании ќе бидат посветени во периодот што следи, се со цел да ги воведат корисниците во новата ера на мобилна фотографија.