Во февруари оваа година беше објавено дека Gmail добива нов кориснички интерфејс, а неколку месеци подоцна Google им дозволи на оние кои сакаат да го испробаат редизајнираниот изглед.
Во текот на јули, овој интегриран кориснички интерфејс почна да се шири кај корисниците, но имаше опција за враќање на стариот интерфејс на Gmail за оние на кои не им се допаѓа новиот изглед. Сега таа опција ја нема, а интегрираниот распоред на Gmail е стандарден за сите корисници.
Иако корисниците се лишени од можноста да се вратат на оригиналниот интерфејс, Google посочува дека ќе можат да ги приспособат темите, типот на сандачето и другите функции, така што новиот Gmail UI е полесен и поудобен за користење.
Идејата зад новиот, интегриран приказ за Gmail е да обезбеди брз пристап до другите апликации на „Google“ и услугата Meet директно од еден интерфејс. Апликациите се преместени на левиот панел, така што нема потреба да се префрлате помеѓу табовите, сè е направено во истиот прозорец.
Google најави дека може да поминат 15 дена додека новиот интерфејс на Gmail да стане достапен за сите корисници како стандарден.