Pixel 7 и Pixel 7 Pro неодамна пристигнаа на пазарот, а веќе се појавуваат детали за следните два флегшип паметни телефони на Google.
Германската веб-страница WinFuture ги објави првите детали за двата нови уреди на Google, со кодно име Husky и Shiba, наведени во јавно достапен изворен код. И двата уреди го имаат новиот Zuma процесор кој би можел да биде наследник на Tensor G2 процесорот.
Со анализа на кодот, откриено е дека мобилните телефони со „имиња на кучиња“ користат оперативен систем Android 14, кој Google го именува по десертот „Upside Down Cake“. Ова ја продолжи традицијата на именување на верзиите на оперативниот систем Андроид по вкусни десерти.
Уредот со кодно име Shiba има екран со резолуција од 2.268 x 1.080 пиксели, што е споредливо со дисплејот од 2.400 x 1.080 пиксели на Pixel 7, но Shiba има 12 GB RAM меморија во споредба со 8 GB на Pixel 7. Меѓутоа, во случај на поголемиот уред со кодно име Husky, резолуција изнесува 2.822 x 1.344 пиксели, што е нешто помалку од резолуцијата од 3.129×1.440 пиксели што ја има екранот на сегашниот модел Pixel 7 Pro. Сепак, Pixel 7 Pro и Husky поседуваат по 12 GB RAM меморија. Процесорот Zuma треба да го содржи истиот Samsung G5300 5G модем што го има сегашниот Tensor G2 процесор.
Постоењето на хардвер во кодот не мора да значи дека сме го виделе првото навестување на Pixel 8 и Pixel 8 Pro, па дури и можните Pixel 7A и Pixel 7A XL бидејќи би можело да се работи за интерен тест на хардверот.
Pixel уредите имаат историја на „протекување“ на детали, па во следниот период се очекуваат нови информации.