Новата Spotify апликација за WatchOS треба да им овозможи на корисниците поедноставно искуство за навигација, а сето тоа благодарение на визуелно освежениот интерфејс
Добри вести доаѓаат за корисниците на популарната услуга за стриминг на музика на Apple Watch. Spotify објави нова верзија на својата апликација за WatchOS, која доаѓа со визуелно освежен интерфејс.
Анимациите се значително променети и подобрени, илустрациите се малку поголеми, а корисникот сега може со едноставен потег на прстот да ја означи песната што му се допаѓа. Дополнително, новите епизоди на подкаст ќе бидат полесни за следење благодарение на сината точка до насловот.
Често користениот дел Your Library во апликацијата исто така доживеа промени.
„Сега можете полесно да прелистувате и избирате омилена музика и подкасти во делот Your Library , како и побрзо да преземате музика за офлајн слушање директно од часовникот“, објаснуваат од Spotify.