Snapdragon 8 Gen 2, нов дизајн, 1-инчен сензор на главната камера и батерија со капацитет 4.700 mAh ќе бидат главните одлики на новиот флегшип смартфон на vivo.
Додека го чекаме декември и официјалното претставување на vivo X90 серијата уреди, се чини дека овој производител не е имун на протекување, исто како Samsung, за чии уреди дознавме речиси се.
Пред две недели, компанијата vivo ја скокотна фантазијата на корисниците објавувајќи дека во соработка со компанијата Zeiss, развива технологија која ќе му помогне на камера системот на најновите флефшип уреди да создаде дигитални фотографии кои совршено одговараат на она што може да го види човечкото око, ветувајќи значителни подобрувања во портретните и ноќните фотографии.
За среќа, не треба да ја чекаме премиерата, бидејќи анонимен инсајдер откри многу детали за системот на камери на X90 Pro+, па дознавме дека главната камера ќе има сензор од 1 инчи (најверојатно IMX989), сензорот на телефото камерата ќе биде OmniVision OV64Bod 64 MP, како и дека портретната камера, како што имавме можност да видиме на уредите од серијата X80, ќе користи сензор IMX758 од 50 MP. Инсајдерот не спомнува сензор со ултраширок агол, а останува нејасно и колку ќе бидат различни системите на камери на другите модели од серијата X90. Она што е сигурно е дека сигналот на камерата ќе го обработува vivo V2 ISP чипот, кој ги комбинира традиционалните техники на интернет провајдерите и модерните AI алгоритми.
Дознавме и како изгледа задниот дел на vivo X90 Pro+, благодарение на фотографиите што се појавија на кинеската социјална мрежа Weibo. Црвена кожа и интересна лента на која пишува Xtreme Imagination го красат новиот уред, како и кружен стаклен „остров“ кој ги чува камерите.
Сепак, гласините не завршуваат тука. Иако можеше да се претпостави дека новите уреди ќе користат Dimensity 9200 или Snapdragon 8 Gen 2 чипсет, сега добивме потврда за тој избор, бидејќи се пронајдени резултатите од Geekbench за vivo X90 Pro+. Од нив е јасно дека vivo ќе користи сè уште ненајавен чип на Qualcomm, како и дека ќе работи со оперативниот систем Android 13.
Останатите гласини тврдат дека можеме да очекуваме 6,78-инчен AMOLED дисплеј со заоблени рабови – кој се освежува на 144 Hz – UFS 4.0 интерна меморија, LPDDR5X RAM и батерија од 4.700 mAh.