Електричната канцелариска столица на Volkswagen доаѓа со футуристички дизајн, досег од 12 километри и брзина до 20 километри на час, LED светла и систем за помош при возење.
На YouTube каналот на Volkswagen Норвешка се појави интересно видео на кое се гледа најновото дело на германскиот производител на автомобили. Имено, се работи футуристичка канцелариска столица, од која не би се срамел ниту капетанот Кирк.
Столчето има пет тркала со мотив на бандаж, LED „фарови“, систем за помош при возење и еден вид infotainment. Дополнително на сето тоа, столчето може да „повлече“ и до брзина од 20 километри на час, а Volkswagen наведува дека со својата заменлива батерија може да помине околу 12 километри, што веруваме, ќе биде повеќе од доволно за сите „патувања“ во канцелариската кујна и назад.
Од останатите луксузи, секако вреди да се издвојат камерата за рикверц, загреаното седиште, светлата за забава, USB полначот и куката за влечење. Столчето има и практичен багажник со пет литри простор, што е сосема доволно за да ставите хартии, документи, лаптоп или некоја закуска.
Volkswagen наведува дека столицата ќе биде достапна за пробно возење низ Норвешка во наредните месеци. Повеќе информации, како и демонстрација на процесот на изработка на столот, се достапни во видеото во подолу.