Новиот интелигентен роботски систем, кој користи алгоритми за машинско учење, го поедноставува процесот на преместување на поединечни производи во нивните соодветни контејнери пред да бидат спакувани.
Amazon се справува со милиони производи од сите облици и големини во нивните магацини, поради што компанијата одлучи да инвестира уште повеќе во истражување и развој за да го подобри ракувањето со индивидуалните производи. Само минатата година обработија приближно пет милијарди пакети, односно повеќе од 13 милиони пакети дневно.
Како што се наведува во објавата, критичен дел од процесот на испорака на нивниот производ се случува пред артиклите воопшто да се спакуваат за испорака до клиентите.
Sparrow ќе преземе задачи кои се повторуваат, истовремено подобрувајќи ја безбедноста. На тој начин, вработените ќе можат да го насочат своето време и енергија на други активности.
Откако Sparrow, користејќи компјутерска визија и вештачка интелигенција ќе ги стави производите во нивните соодветни корпи, остатокот од автоматизираниот систем ќе ги пренасочи пакетите на различни локации во магацинот, пред да го започнат своето патување во процесот на испорака.
Хидрауличниот систем за вшмукување може да крева предмети со различна тежина и да идентификува околу 65% од целиот асортиман на производи на компанијата, користејќи сензори за идентификување врз основа на голем број различни параметри, вклучувајќи големина, облик и баркодови.
🆕 🦾 Check out Sparrow, our newest robotic system. Sparrow can detect, select, and move individual products in our inventory that haven’t yet been packaged – a major advancement in technology to support our employees. https://t.co/x0CZIzqeGz pic.twitter.com/cU0MZqyjYV
— Amazon News (@amazonnews) November 10, 2022