Милијардерот Елон Маск, новиот сопственик на Twitter, најави дека услугата за верификација на профилите повторно ќе биде отворена следната недела.
Корисниците на Twitter пријавија проблеми при најавувањето на оваа услуга. Американските медиуми, повикувајќи се на извори од Twitter, наведуваат дека услугата била привремено затворена во четвртокот.
Маск во саботата твитна дека услугата би можела да биде во функција до крајот на следната недела.
Twitter Blue, платена услуга, додава сина ознака за проверка на корисниците за да укаже на потврден профил и овозможува ран пристап до новите функции на социјалната мрежа.
Twitter ја отвори оваа услуга на 9 ноември и за само еден ден многу лажни и пародиски профили на овој начин беа потврдени како оригинални.
Маск исто така твитна дека профилите кои имитираат познати личности ќе мора да имаат ознака „пародија“ во називот, наместо опис. Тој додаде дека со проширувањето на верификацијата повеќе нема да има предупредувања пред суспензија и дека сите ќе мора да ги почитуваат овие правила.