Ice Universe е псевдоним на корисник кој многу често споделува полупроверени, полувистинити информации најпрвин на Weibo, а често и на други, глобално популарни мрежи. Секако, како што обично се случува, доволно е една од десет информации да испадне точна, па сите да ги заборават останатите девет неуспеси.
Ice Universe сега тврди дека добил фотографии креирани со камерата на претстојниот Samsung Galaxy S23 Ultra, а работата да биде подобра, сликите се споредени со Galaxy S22 Ultra и Google Pixel 7 Pro, најдоброто што Android светот може да го понуди денес. Дали фотографиите се навистина реални – останува на нас да процениме, но доколку се, изгледа дека S23 Ultra ветува убави подобрувања во однос на својот претходник.
Според претходните информации, Samsung Galaxy S23 Ultra ќе доаѓа со нов ISOCELL HPX сензор од 200 MP кој треба да ја покаже својата моќ над конкуренцијата и свеж Snapdragon 8 Gen 2 чип. Фотографиите споделени од Ice Universe, а кои ги пренесува GizChina покажуваат завидно ниво на детали во споредба со S22 Ultra и Pixel 7 Pro, како и подобра, поприродна рамнотежа на тиквата, која очигледно е јасно зумиран дел од некоја фотографија.
Да не заборавиме, S22 Ultra има камера од 108 MP, додека Google Pixel 7 Pro има одличен Samsung GN1 сензор. Новиот сензор што би требало да се појави со S23 Ultra, според непотврдени извештаи, ќе ја донесе технологијата Hexa2Pixel која ќе комбинира 4 или 16 соседни пиксели во еден голем пиксел, за да се обезбедат подобри фотографии во услови на слаба осветленост. Оваа технологија не е нова и ја видовме кај Motorola edge 30 Ultra, каде што може да се фотографирате со 200, 50 или 12,5 MP.
Според информациите од споделените фотографии, камерата креира слики во 12 MP, односно 4000×3000 пиксели и располага со f/1.7 отвор на бленда. Ice Universe најави дека наскоро ќе објави нови фотографии во услови на слаба осветленост, кои треба да покажат посериозни разлики и предности на новиот сензор.