Happn е уште една апликација преку која можете да пронајдете луѓе за запознавање и дружење, како и идни партнери, но со малку поинаков пристап. Имено, помага да откриете луѓе со кои веќе сте се запознале и разминале, но кои би сакале повторно да ги сретнете
Дефинитивно нема недостиг од апликации за запознавање, а Happn на прв поглед е само уште една платформа за поврзување со другите. Сепак, оваа апликација е малку поинаква од останатите во начинот на кој препорачува со кого потенцијално би можеле да остварите врска.
Основната идеја е дека секој пат кога ќе сретнете некого во реалниот живот, ако има профил на апликацијата, таа личност ќе се појави на своевидна временска линија. Се разбира, можно е да ги прегледате самите профили кога сакате, а во исто време е можно да видите колку пати сте сретнале некое лице, како и времето и местото каде што се случил состанокот.
Лицата кон кои имате симпатии е можно да се лајкнат јавно или тајно, со цел другиот да не дознае, освен ако и тој има одредени симпатии и тоа ви го возврати. Можно е да привлечете внимание и со испраќање поздрав, а доколку двете страни си се допаѓаат, може да започне комуникацијата, а потоа од двете страни зависи дали виртуелната средба ќе се претвори во вистинска.
Се разбира, прво треба да креирате сопствен профил, каде што треба да поставите ваши фотографии и да снимите кратко видео за да потврдите дека личноста е вистинска и сликите се оригинални, а потоа да одговорите на неколку типични прашања со откривање локација, така што апликацијата може полесно да понуди соодветни профили на луѓе кои можеби ќе ви се допаднат.
Накратко, Happn е платформа за запознавање каде комуникацијата бара согласност од двете страни (нема да добивате пораки од луѓе што не ги сакате). Апликацијата во суштина е бесплатна, но за сите (најинтересни) опции треба да платите Премиум претплата, која 15 евра месечно. Кој сака нека повели.