Корисниците на популарната апликација за чет, WhatsApp наскоро ќе можат да ја поврзат својата сметка со најмногу четири Android телефони и на тој начин да примаат и испраќаат пораки користејќи повеќе уреди.
Во бета верзијата 2.24.18, WhatsApp ја воведе долгоочекуваната можност за поврзување на кориснички сметки со секундарен уред, односно друг мобилен телефон. Функцијата соодветно се нарекува – Companion mode (Режим на придружник).
Имено, според порталот WABetaInfo, корисниците ќе можат да поврзат до четири Android смартфони на нивната примарна сметка. На секоја од нив ќе имаат целосен пристап до сите функции на WhatsApp, како и end-to-end шифрирање на пораките.
За да ја активирате оваа функција, потребно е да инсталирате WhatsApp на нов мобилен телефон со Android и да ја изберете опцијата Link a device во горниот десен агол при регистрирање на бројот. После тоа, ќе се појави екран со QR-код што треба да се скенира на примарниот смартфон.
Покрај можноста за поврзување сметки со повеќе паметни телефони, WhatsApp во новата бета верзија овозможува и поврзување со Android таблет. Сите корисници ќе ги добијат овие функции во едно од следните големи ажурирања на апликациите.