Samsung ја претстави новата апликација за споделување фајлови, наречена Dropship, како дел од пакетот апликации Good Lock.
Споменатата апликација ќе им овозможи на корисниците лесно да префрлаат фајлови на други телефони со Android, iOS уреди или на веб.
Апликацијата Dropship моментално е достапна за корисниците во Јужна Кореја, преку Galaxy Store. За да го инсталирате, потребен ви е Android 13 со интерфејс One UI 5.0.
Апликацијата овозможува пренос на датотеки со големина до 5 GB на дневна основа. За пренос на поголеми фајлови, Nearby Share или Quick Share е дефинитивно подобро решение.
Корисниците можат да креираат линк за споделување, со фотографија на профилот и порака, а потоа да ја испратат до саканата личност. Испраќачот може да го постави времето на важност на линкот.
Samsung Introduces Dropship App for File-Sharing Across Platforms
Dropship app is currently available for users in South Korea.
App allows for file transfers up to 5GB#Samsung #DropShip pic.twitter.com/XwkKw9KgFP
— Technology Edge ✪ (@Tech_EdgeTE) November 6, 2022
Процесот на споделување е главно едноставен. Испраќачот може да го избере фајлот и платформата на која ќе го испрати. Примачот може да ги напише последните четири броеви од споделениот линк или да го скенира QR-кодот за да го преземе фајлот.
Она што е важно да се забележи е дека примачот не мора да има Dropship апликација или сметка на Samsung.
Засега не е познато дали и кога апликацијата Dropship за споделување фајлови меѓу различните платформи ќе стане достапна за поголем број корисници.