Поради влијанието на светската економска криза, компанијата Meta одлучи целосно да го запре развојот на порталот за паметни екрани и паметниот часовник со кодно име Milan
По масовните отпуштања на околу 11.000 вработени, Meta ги насочува своите ресурси на други проекти кои се поусогласени со нејзината долгорочна визија.
Portal беше паметен дисплеј, односно уред со можност за видео повици кој речиси исклучиво ги поддржуваше апликациите на Facebook. За прв пат беше претставен во 2018 година.
Во меѓувреме, не зазема значителен процент од пазарот на паметни екрани. Сепак, уредот сè уште е достапен за купување преку официјалната веб-страница, каде стои известување на врвот на кое пишува дека Meta Portal TV, 10” и Go ќе бидат достапни до крајот на годината или додека траат залихите.
Што се однесува до паметниот часовник, кој наводно беше во развој од октомври 2021 година, пренесува Mashable, требало да има вградени камери, покрај другите стандардни функции на часовникот како репродукција на музика, испраќање пораки, известувања и следење на активности.
За жал, ништо нема да има ниту од часовникот, бидејќи единицата на компанијата која работеше на паметниот часовник ќе се фокусира на создавање очила за проширена реалност.