Компанијата Sony пред две години ја лансираше конзолата PlayStation 5, која и покрај пандемијата е најбрзо продаваната конзола во историјата на PlayStation брендот
Иако дистрибуцијата на PlayStation 5 е во застој поради пандемијата и недостатокот на чипови на пазарот, оваа конзола во две изданија, дигитално и диск, им стана омиилена на корисниците на конзолата.
Сите статистики говорат во прилог на тоа, од тоа декапостави финансиски стандарди во индустријата за игри, го подигна нивото на квалитетот и дистрибуција на игрите, но и бројот на продадени примероци. PlayStation 5 најбрзо достигна десет милиони продадени примероци и е најбрзо продавана верзија на PlayStation во историјата, а најголем интерес за неа беше забележан во САД и Велика Британија.
PlayStation 5 беше лансиран пред две години на денешен ден на пазарите во САД, Канада, Мексико, Јужна Кореја, Јапонија, Нов Зеланд и Австралија, додека на пазарите во остатокот од светот беше претставен седум дена подоцна, на 19 ноември.
Според официјалните податоци, оваа конзола досега ја користат 25 милиони корисници, а планот на Sony е до март 2024 година да продаде уште 30 милиони конзоли.
Покрај статистиката, PlayStation 5 е далеку над својот претходник, и во однос на хардверската и софтверската стабилност, а унапреден е и со уникатните контролери DualSense.
Во период од 24 месеци беа објавени 17 игри под потписот на PlayStation, а земајќи ја предвид новата DualSense технологија, 350 игри ги искористија можностите на хаптичките копчиња, вибрации и други предности на овој уред.