Почнувајќи од денеска, корисниците на iPhone 14 уредите во САД и Канада можат да ја користат функцијата Emergency SOS преку сателит.
Функцијата Emergency SOS овозможува контакт со службите за итна помош, дури и од локации без мрежна покриеност или Wi-Fi. Пример се места во дивината, но функцијата може да се користи и во центарот на градот доколку некоја катастрофа ја прекине електричната мрежа и комуникациите.
Функцијата работи така што корисникот одговара на краток прашалник со давање клучни информации, т.е. за каков тип на итен случај се работи, на колку луѓе им е потребна помош и некои дополнителни детали. Информациите потоа се пренесуваат директно до службите за итна помш, кои можат да ја добијат текстуалната порака или до еден од центрите за повици на Apple, кои повикуваат помош во име на корисникот.
Корисниците можат да испраќаат и примаат дополнителни пораки за да ја разјаснат ситуацијата во која се наоѓаат, но и да им помогнат на спасувачите. Apple разви компресија која го компресира текстот за 300 проценти, но на мобилниот телефон му требаат уште околу 15 секунди за да испрати порака, односно повеќе време доколку корисникот не е на отворено.
Покрај прашалникот, iPhone може да испрати и медицинска идентификација на корисникот што содржи информации за неговото здравје, што ќе им помогне на спасувачите да бидат свесни за потенцијалните проблеми како што се алергиите на одредени лекови. Исто така, можно е да се има до 10 итни контакти на iMessage, кои ќе добијат транскрипт од итната порака на корисникот испратена преку сателит.
Смартфонот ќе го води корисникот низ процесот на поврзување со сателитот, за што е потребно рачно „нишанење“. Постои демо-режим кој му овозможува на корисникот да „вежба“ и да биде подготвен за вистинските итни случаи.
Друг начин да ја користите вашата сателитска врска, што не вклучува итен случај е да ја споделите вашата локација со пријателите и семејството со помош на новата опција Find My.. Оваа функција и Emergency SOS се достапни на сите четири нови модели на iPhone, имено iPhone 14, iPhone 14 Plus, iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max, но сите мора да работат на iOS 16.1 или понова верзија. Уредите купени во Кина, Хонг Конг или Макао не ги поддржуваат горенаведените функции, кои може да не работат над 62 степени географска ширина.