Веројатно не треба посебно да се истакнува фактот дека како конзументи на веб-страниците постојано сме следенеи, но и дека пребарувачите и другите услуги пласираат реклами врз основа на нашите интереси. Ова е веб-прелистувач кој сака да стави крај на тоа и да понуди непристрасно прелистување и повисоко ниво на приватност.
Neeva Browser секако не е првиот веб-прелистувач кој ја нагласува приватноста и ги спречува веб-локациите да не следат и идентификуваат на различни начини како потрошувачи на содржина (еден од добрите примери е и одличниот Brave), но се издвојува и по фактот што овозможува непристрасно пребарување
Имено, добро познат факт е дека пребарувачите како Google ги прилагодуваат резултатите од пребарувањето врз основа на нашите интереси и бројни други параметри, со што всушност паѓаат во замката на пристрасност (затоа е пожелно да се користат повеќе пребарувачи, на пример, DuckDuckGo).
Neeva Browser не само што ги спречува веб-страниците да не следат на различни начини, овозможувајќи ни да се движиме послободно низ бескрајните патеки на интернет, туку нуди и сопствен пребарувач кој овозможува пребарување на веб без влијание на корпорации и без реклами.
Од друга страна, навистина постои и можност Neeva да собира податоци и да ги персонализира резултатите (што не е нужно секогаш лошо), но изборот е оставен на крајниот корисник, дали сака да ја активира или деактивира таквата можност.
Накратко, овој веб-прелистувач се наметнува како уште едно практично решение за поприватно сурфање на интернет директно од паметен телефон и како алтернативен пребарувач. Може да се користи потполно бесплатно, но постои и Премиум издание кое нуди дополнителни функции како VPN и менаџер за лозинки, но чини 50 долари годишно.