FTX е основан во 2019 година, а минатата година имаше повеќе од милион корисници, заземајќи ја третата позиција во рангирањето според вредноста на трансакциите во криптовалути.
Неуспешната платформа за тргување со криптовалути FTX има повеќе од 100.000 доверители, а бројката би можела да надмине еден милион, според документите во нејзиното барање за стечај во САД.
FTX поднесе барање за заштита на доверителите пред американскиот суд минатиот петок, откако во паника трговците повлекоа повеќе од шест милиони долари од платформата за само три дена, а конкурентот Binance се повлече од договорот за финансиска помош, пренесува Ројтерс
Binance достави писмо со намери да купи FTX, но го повлече веќе следниот ден. Минатиот викенд, извршниот директор Чангпенг Жао објави на Twitter дека Binance повеќе не прифаќа депозити во криптовалутата на FTX, сугерирајќи им на другите компании во секторот да го следат примерот.
„FTX се соочи со тешка ликвидносна криза што ја принуди да поднесе итна апликација (за заштита од доверителите) минатиот петок“, се вели во документите поднесени во американскиот суд. Стечајната постапка опфаќа повеќе од сто илјади доверители, но бројот може да надмине еден милион, бидејќи FTX побара од членовите на групата да не ги поднесуваат списоците на големите доверители одделно, туку да ги комбинираат во заедничка листа, се наведува во поднесокот.