Политиката на Samsung е за Европа и некои други пазари, во своите флегшип модели, наместо Snapdragon да го смести својопт Exynos чипсет. Разликите не се големи, но постојат и се рефлектираат во потрошувачката, перформансите и обработката на сликата, што го видовме и во пракса. Ова е причината зошто корисниците ширум светот негодуваа, бидејќи Samsung продава практично два различни смартфони под исто име.
Ако се надевавте дека ова ќе се промени, изгледа дека имате среќа. Или барем така вели добро познатиот инсајдер Ice Universe. Не само што нема да има Exynos чипсет во претстојната Galaxy S23 серија, туку Qualcomm ќе има специјална побрза верзија на својот најмоќен чипсет само за премиум уредите на Samsung.
Да не биде дека се работи само за пусти желби, Ice Universe објави и неколку фотографии од програмата за тестирање GeekBench, каде се гледа дека Galaxy S23 Ultra со 8GB RAM постигнува до 1.504 поени во single core и 4.580 поени во мулти јадрен тест. Тестовите покажуваат дека Snapdragon 8 Gen 2 официјално претставен вчера, наместо 3,2 GHz работи на 3,36 GHz на неговото најбрзо Cortex X3 јадро во Samsung верзијата на чипсетот, додека фреквенциите на другите седум јадра се непроменети. Она што останува да се види е дали 160 MHz навистина ќе значат повеќе во секојдневната употреба или тоа ќе биде само убав елемент во рекламната кампања за компанијата Samsung.
Пред неколку дена се појавија и првите неофицијални фотографии направени со S23 Ultra, минатиот месец информации за камерите и батеријата, а веруваме дека до февруари следната година ќе „протечат“ уште многу слични информации.