Во пресрет на официјалното претставување на смартфонот OnePlus 11, клучните спецификации на овој уред беа откриени преку кинеската социјална мрежа Weibo.
OnePlus 11 ќе работи на новиот процесор на Qualcomm – Snapdragon 8 Gen 2, а уредот ќе биде фокусиран на дизајнот и перформансите. Селфи камерата ќе биде сместена во отвор на левата страна од екранот, а се очекува дисплејот да има заоблени рабови и да поддржува 2K резолуција. Се верува дека смартфонот ќе има метална централна рамка и керамичко куќиште, а споменатиот процесор ќе биде поврзан со до 16GB RAM и најновата 4.0 UFS меморија.
Дојавувачот Yogesh Brar тврди дека смартфонот ќе работи со OxygenOS 13 интерфејс базиран на Android 13. Што се однесува до екранот, тоа ќе биде 6,7-инчен 2K (1440p) OLED панел со стапка на освежување од 120Hz. Тој наведува дека OnePlus 11 ќе биде достапен со 8 и 12GB RAM, односно 128 и 256 GB простор за складирање.
Се очекува OnePlus 11 да има три задни камери со Hasselblad технологија, главен сензор IMX890 со резолуција од 50 MP, ултраширока камера од 48 MP и телефото камера од 32 MP. Однапред ќе има селфи камера од 32 MP.
Уредот ќе се напојува од батерија од 5.000 mAh која поддржува жично полнење од 100 W и безжично полнење од 50 W. OnePlus 11 ќе биде претставен до крајот на годината, а во првите месеци би требало да се продава само во Кина.