Во рамките на iOS 16.2 верзијата на оперативниот систем, корисниците ќе имаат можност да ја исклучат wallpaper позадината или известувањата на Always On екранот на iPhone 14 Pro моделите. Во овој момент, оваа функционалност покажува затемнета верзија на wallpaper, виџети, Live Активности, нотификации и часовникот.
Третата бета верзија за програмерите на iOS 16.2, сепак додава нови поставки, со кои корисниците ќе имаат повеќе опции за управување со прикажаните елементи.
Кога wallpaper позадината е деактивирана, може да се прикажат други елементи, а втората опција е да се исклучат известувањата. Овие додатоци ќе бидат корисни, бидејќи е можно да се ограничи трошењето на енергијата и да се зачува батеријата.
Apple треба да ја објави стабилната верзија на iOS 16.2 во декември.