Да се види ѕвезда веднаш по нејзината експлозија додека се претвора во супернова е екстремно ретко. За среќа, истражувачи кои ги анализирале фотографиите направени со вселенскиот телескоп Hubble од 2010 година откриле фотографија од ѕвезда што експлодира. Се проценува дека експлозијата се случила пред околу 11 милијарди години.
„Многу е ретко да се забележи супернова во многу рана фаза бидејќи таа фаза е многу кратка“, објасни Венлеи Чен, главен автор на истражување за откритието.
Како што посочи Чен, експлозијата трае со часови или најмногу денови и може да не се забележи. Далечната супернова била откриена благодарение на феноменот наречен гравитациско искривување, што се јавува кога гравитацијата во една галаксија ја искривува и ја зголемува светлината зад неа.
Third time’s the charm?
Hubble witnessed three faces of a star’s evolving supernova explosion, thanks to a phenomenon known as gravitational lensing. Read more: https://t.co/dGbvAXeFkR
Learn more in this video! pic.twitter.com/yZbK6ZrMMJ
— Hubble (@NASAHubble) November 9, 2022
Со тоа, телескопите може да забележуваат далечни тела кои инаку би биле многу бледи. Овој ефект резултирал во повеќе фотографии од суперновата направени во различни временски периоди.
Научниците проценуваат дека ѕвездата е 500 пати поголема од Сонцето.