Корисниците на Netflix, една од најпопуларните стриминг услуги, отсега можат да ги одјават уредите што несакано им биле „прикачени“ на нивната сметка
Стриминг платформата Netflix им овозможи на своите корисници да ги отстранат несаканите поврзани уреди од своите профили.
Новата опција е моментно достапна главно на iOS и Android уредите, а корисниците сега преку своите профили можат да видат кои уреди користат Netflix и да видат дали има нерегуларности. Доколку сакаат, корисниците можат да отстранат одреден уред со едноставно избирање на опцијата „Sign Out“.
Опцијата се наоѓа во менито Account Settings, т.е. во секциите Aecurity & Privacy и Manage access and devices.
Ова е уште еден начин на кој Netflix се обидува да се бори против споделувањето лозинки пред да ги преземе работите во свои раце. Опцијата е достапна само на мобилните уреди, а не се знае кога ќе ја добијат корисниците на десктоп и ТВ апликациите.