Компанијата vivo на 22. ноември ќе ја претстави следната генерација на својата X серија – X90. Кинескиот бредн тој ден ќе одржи настан во Кина, на кој ќе го видиме најдоброто од компанијата за следната година.
Според она што веќе го знаеме, новиот vivo X90 е еден од првите смартфони што ќе го имаат новиот чипсет MediaTek Dimensity 9200, а новите информации откриваат полнење од 120W и нов премиум панел на Samsung.
Претходните модели од X80 серијата користеа Samsung E5 панели, додека новите ќе имаат Samsung E6 и BOE Q9 пнанели, што и во двата случаи значи PWM затемнување на екранот од 2160 пати во секунда. Големината на екранот ќе изнесува 6,78 инчи со резолуција од 2800х1260 пиксели, а во него ќе биде сместена предна камера од 22 MP и сензор за отпечатоци под екранот.
Резултатите од Geekbench откриваат дека vivo X90 ќе има Dimensity 9200 чипсет со 8, 12 или дури 16GB RAM и 128, 256 или 512 GB простор за складирање. Познато е и дека X90 ќе има три камери на задната страна со 50+12+12 MP, а сензорот зад објективот на главната камера е Sony IMX758, што беше потврдено и од компанијата vivo. Очекувано, камерите ќе имаат ZEISS облога на објективот и нов vivo V2 процесор за слика, што ќе донесе подобра оптимизација на фотографиите во услови на слаба осветленост.
Откриени се и димензиите на телефонот – 164,1 x 74,4 x 8,9 мм, што е минимално помалку од vivo X80 Pro во сите три оски. Во внатрешноста на уредот има две батериски ќелии од по 2345 mAh за вкупно 4700 mAh и брзо полнење со моќност од 120W.