Покрај Xiaomi 13 смартфонот, компанијата подготвува и свежа верзија на MIUI корисничкиот интерфејс за истата премиера. Иако нема официјална потврда, информациите од повеќе извори потврдуваат дека Xiaomi подготвува големо изненадување за првиот ден од декември.
Како што пренесува GizChina, новата информација ја објави познатиот инсајдер Картикеј Синг на Twitter, а доколку компанијата продолжи со стратегијата што ја користеше во минатото, повторно ќе треба да почекаме додека не го видиме Xiaomi 13 Ultra, односно најрано во јануари 2023 година.
MIUI 14
Покрај Xiaomi 13 серијата, MIUI 14 е многу интересно ажурирање, бидејќи веќе некое време се зборува за отстранување на реклами од корисничкиот интерфејс, што може да биде сериозен пресврт во бизнисот на оваа компанија. Секако и за ова нема официјални потврди, а иснајдерите се познати по тоа што често вметнуваат малку свои желби во протечените информации, па ако помине – помине.