Американскиот милијардер Елон Маск најави дека во иднина планира да се повлече од позицијата директор на Twitter и воедно изрази надеж дека реструктуирањето на компанијата ќе биде завршено во следните неколку недели.
Во објава на Twitter напиша дека планира да остане на челната позиција додека компанијата не ја зацврсти позицијата на пазарот, додавајќи дека за тоа ќе биде потребно извесно време.
Како што пишува Washington Post, Маск вчера наводно испратил имејл до вработените во Twitter порачувајќи дека мора да се обврзат на „прекувремена работа со висок интензитет“ или во спротивно да ја напуштат компанијата.
На оние кои сакаат да ја напуштат компанијата ќе им се исплати отпремнина во висина од три месеци плата, пишува американскиот весник.