На првиот Балкански економски форум, кој денес се одржува во Скопје, Тодор Анѓушев, директорот на компанијата ЕМС, членка на групацијата Феро Инвест, ја истакна важноста на обновливите извори на енергија за зголемувањето на производството на електрична енергија во Северна Македонија.
Зборувајќи на панелот „Согледувања за побрза енергетска транзиција на Балканот“, Анѓушев, кој е и претседател на Групација за обновливи извори на енергија во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, посочи дека нашата држава е зависна од увоз на деривати и енергија и поради тоа потребно е да се овозможат услови за изградба на сите видови на обновливи извори.
На прво место да се искористи потенцијалот за изградба на хидроелектраните, за ветерните електрани, електраните на био гас и на био маса, како и за фотоволтаичните електрични централи, а изградбата на сите обновливи извори би требало да се спроведува плански, внимателно и согласно Стратегијата за енергетика, подготвена од МАНУ.
Групацијата Феро Инвест и сестринската групација ЦентралИнвест, во сопственост на семејството Анѓушев се познати по инвестирање во обновливите извори и во своето портфолио имаат 25 мали хидроелектрани со над 22 мегавати инсталиран капацитет и фотоволтаична електрана со моќност од 8 мегавати, а во моментот во изградба е централа на био гас со инсталирана моќност од 2 мегавати, а пар