Ново истражување покажува дека метеоритот од Винчкомбе, редок јаглероден метеорит кој паднал во Велика Британија во февруари 2021, содржи вода од вселената и органски состојки кои откриваат детали за создавањето на океаните на Земјата.
Ново истражување водено од експерти од британскиот природонаучен и историски музеј и Универзитетот во Глазгов ги открива деталите за движењето и составот на метеоритот. Брзото зачувување на метеоритот по неговото паѓање овозможува прецизна анализа и на научниците им овозможува поглед во оригиналниот состав на Сончевиот Систем пред 4,6 милијарди години, изјавил Ешли Кинг, автор на истражувањето.
Научниците откриле дека 11 отсто од тежината на метеоритот е вода од вселената, а поголемиот дел од оваа вода е заробен во минерали кои се формирале во раните фази на Сончевиот Систем. Односот на изотопи на водород во водата е сличен како оној на водата на Земјата. Освен тоа, метеоритот содржел и вонземни аминокиселини, кои се основни состојки за живот.
Резултатите покажуваат дека јаглеродните астероиди играле клучна улога во донесувањето на состојките потребни за живот на Земјата.
Истражувачите пресметале и дека метеоритот потекнува од астероид во близина на Јупитер и патувал до Земјата последните милион години.