Паметните телефони на Apple од следната година ќе имаат куќиште од легура на титаниум и дизајн на заоблени задни рабови, тврдат новите гласини. Според Twitter корисникот @ShrimpApplePro, задните рабови на уредите нема да бидат остри како сега, туку наместо тоа ќе бидат заоблени, слично на дното на новите MacBook Pro модели, односно iPhone 5C.
iPhone 14 серијата нуди рамна странична рамка, дизајн кој првпат се појави кај iPhone 4, а последниот уред со заоблени задни рабови беше iPhone 11. Според извештаите, идните уреди ќе продолжат да имаат стаклен заден панел, но @ShrimpApplePro предупредува дека се уште е рано за веродостојни информации.
Still have a back glass btw
Personally i think this design will create a really beautiful edge transition from the back to the camera bump https://t.co/VcXQaI4MDx— ShrimpApplePro 🍤 (@VNchocoTaco) November 21, 2022
Ова не е прв пат да слушаме дека Apple ќе користи титаниум во своите смартфони. Претходно годинава, имаше гласини дека iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max ќе вклучуваат рамка од титаниум, но тоа не се оствари и сегашните модели повторно нудат челична рамка. Титаниумот обезбедува поголема цврстина и отпорност на гребење, а има и помала тежина.
Сепак, цврстината на материјалот ја отежнува обработката, а Apple наводно развива нови начини за постигнување сјаен финиш и ги истражува површинските облоги против отпечатоци. Компанијата веќе користи легура на титаниум за куќиштето на Apple Watch Ultra, а од таков материјал е изработена и неговата физичка картичка.