Компанијата позната по своите решенијата за екрани, LG Display разви тенки вибрирачки панели кои произведуваат звук, а можат да се постават во различни површини во кабината на автомобилот.
LG Display, дивизија на познатиот јужнокорејски производител LG задолжена за екрани и соодветна технологија, разви производ кој од приказ на слика преминува во доменот на репродукција на звук. LG го нарекува Thin Actuator Sound Solution, а првенствено е наменет за вградување во кабините на автомобилите.
Како што велат самите креатори на иновацијата, се работи за новитет кога станува збор за звукот во автомобилите. Наместо вградување на огромни звучници со калеми, магнети и конусни мембрани, во новите автомобили ќе можат да се постават овие нови панели, кои работат на принципот на побудување на тенок филм. Овој филм вибрира и создава звук, пренесувајќи вибрациите на површината на која е поставен.
Kompanija poznata po svojim rješenjima u domeni zaslona, LG Display, razvila je tanke vibrirajuće panele koji proizvode zvuk, a mogu se postaviti unutar različitih površina u kabini automobila
Звучници насекаде
Поради тоа, LG предвидува дека нивните панели за звучници ќе можат да се инсталираат во внатрешноста на екранот за инфозабава, во внатрешноста на седиштата, како и на други површини во кабината на автомобилот: на пример, во контролната табла, потпорните столбови, потпирачите за глава, зад тапацирот и слично. Ова би отворило нови можности за создавање тродимензионално звучно искуство за секој патник. Дополнително, дизајнерите на ентериерот повеќе не би морале да се грижат за решетките на звучниците, низ кои мора да поминува звукот во конвенционалната варијанта.
Во прикажаната верзија на Thin Actuator Sound Solution, панелот е со големина 15×9 сантиметри, тенок е само 2,5 милиметри и тежи 40 грама. Ова го прави само 30% од масата и 10% од дебелината на стандардниот звучник во кабината на возилото. Направен е без употреба на ретки метали како неодимиум.
LG најавува дека иновацијата ќе ја претстави на CES 2023 саемот, што се одржува во јануари во Лас Вегас, а компанијатра планира да започне со комерцијализација на технологијата веќе во првата половина на следната година.