Samsung најави дека телефоните на компанијата наскоро ќе добиваат уште побрза надградба на оперативниот систем Android до понова верзија.
Смртфоните на Samsung веќе се позиционираа на пазарот како уреди кои меѓу првите добиваат надградба на Android 13 (One UI 5), веднаш зад моделот Google Pixel.
Galaxy S22 серијата ја доби својата надградба на One UI 5 само два месеца откако Google официјално го претстави Android 13.
Но, Samsung не сака да застане тука и верува дека може да ја испорачува надградбата до корисниците уште побрзо. Се очекува по објавata на Android 14, Samsung да дозволи надградба за помалку од два месеци, откако ќе биде ажурирана Goofle Pixel линијата.
Останува да видиме дали Samsung ќе успее во своите намери. Во меѓувреме, компанијата продолжува да го испорачува One UI 5 интерфејсот на повеќе уреди. Најновиот софтвер го добиваат Galaxy Z Flip and Fold 3 и 4, Galaxy S21 серијата, S20 уредите, Note 20, додека следниот месец ќе пристигне на Galaxy A52s и Galaxy A32.
Во меѓувреме, Samsung објави дека почнал со испорака на One UI 5.0/Android 13 и на моделот Galaxy S20 FE
Samsung Galaxy S20 FE беше претставен пред повеќе од две години и е еден од најпопуларните телефони меѓу корисниците. Првично беше испорачан со Android 10 платформата.