Новата, 3 нанометарска генерација на TSMC чипови и сите други под 10 nm ќе имаат значително повисоки цени, а како што е вообичаено, разликата ќе ја плаќаат крајните клиенти преку уредите, пишува Digitimes.
Nvidia веќе најави дека цените на чиповите ќе пораснат во наредниот период, што е причина за растот на цените на графичките картички. Цените на полупроводничките вафери вртоглаво пораснаа во изминатите неколку години, пред се поради сложеноста на производствениот процес и фактот дека TSMC доминира на пазарот на чипови. Со оглед на тоа што Samsung како главен конкурент не може да остане во чекор со тајванскиот производител, особено во 3nm процес на производство, ситуацијата не е добра за крајните корисници бидејќи производителите се тркаат да се усогласат со TSMC. Samsung, според непотврдени информации, планира да достигне принос од 70% по вафер до април 2023 година, што не е ни блиску до резултатите што ги постигна TSMC, додека Intel се уште е далеку зад двата производители.
Ова значи дека TSMC може да ги диктира цените, како и дека производите од високата класа ќе бидат значително поскапи следната година.
За споредба, во 2018 година можевте да купите 7nm полупроводнички вафери за 10.000 долари, додека TSMC 3 nm вафери ќе чинат 20.000 долари, додека специјалната ефикасна верзија N3E ќе биде уште поскапа. Од друга страна, повисоките цени и ограничениот капацитет би можеле да ги принудат производителите да останат на 5 nm уште една или две генерации.