Естонците Сергеј Потапенко и Иван Турогин се уапсени од полицијата поради основан сомнеж за извршување измама од 575 милиони долари во која биле вклучени илјадници жртви.
Случајот е истражуван во соработка на полицијата со ФБИ, а Американските власти сакаат да го екстрадираат тандемот.
Имено, обвинетите се товарат за измама на жртвите со цел да инвестираат во копање криптовалута наречена HashFlare, и во лажна виртуелна банка Polybius.
Министерството за Правда во САД, изјави дека приведените се обвинети за онлајн измама и заговор за извршување на перење пари, за што следи затворска казна до 20 години.
Обвинетите се појавија на суд во Талин, по што се задржани во притвор чекајќи екстрадиција, се наведува во известувањето од министерството.
Копањето на криптовалути се спроведува преку компјутерско генерирање на профит што е сам по себе процес за којшто е потребен огромна количина компјутерска моќ.
Меѓудругото, на измамените им биле ветени дивиденди доколку инвестираат во банката којашто всушност е лажна, при што обвинетите се здобиле со профит од 25 милиони долари.
Истрагата во која беа вклучени 100 луѓе, од кои 15 од страната на САД, беше долга и широка, изјави Оскар Грос – одговорен за одделот на сајбер криминал на Естонија.
Тој исто такадодава дека ова е еден од најголемите случаи на измама коишто ги имаат видено во државата.
Властите во државата предупредуваат дека технологијата го има проширено ризикот од измами.