Во извештај на Кинескиот комитет за индустрија на игри се наведува дека младите ја победија зависноста од видеоигри.
Овој извештај би можел да влијае на властите, кои претходно ги прогласија видеоигрите за „духовен опиум“, да ги ублажат моменталните строги рестрикции кои се однесуваат на гејмингот.
Од август, 2021 година на децата им е забрането да играат видеоигри подолго од три часа неделно.
Гејминг секторот е погоден од „замрзнувањата“ на официјални одобренија за издавање нови игри, со цел регулирање на огромниот кинески технолошки сектор. Во изработка на извештајот учествувала и истражувачката агенција CNG која ги отстапи резултатите кои говорат дека 75 проценти од младите гејмери играат видеоигри најмалку три часа неделно.
Кинеската влада тврди дека зависноста резултирала со лоша концентрација, проблеми со менталното здравје и нарушување на сонот. Загриженоста за времето минато пред екран е поради локдаунот воведен со пандемијата, поради што и фокусот беше поставен на онлајн наставата.
По гејминг рестрикциите, кинеската верзија на TikTok наречена Douyin им забрани на децата помлади од 14 години да ја користат платформата подолго од 40 минути дневно. Но, со доаѓањето на зимата и зголемениот број заразени со коронавирусот, некои родители им дозволуваат пристап до нивните профили за малку да се забавуваат децата.
Гејмингот стана многу популарен и меѓу возрасните. Според весникот China Daily, луѓето кои живеат во дом за старци почнале да играат онлајн игри за да бидат „поврзани“ со внуците.