Оваа позната платформа за онлајн издаваштво во период од десет години се претвори во еден од водечките извори на квалитетна содржина и е отворена и за потрошувачите и за креаторите, при што некои содржини им се достапни само на членовите.
Medium е една од најпознатите и најпопуларните социјални интернет платформи за онлајн објавување, која со текот на времето стана неисцрпен извор на квалитетна содржина. Платформата е наменета и за креаторите на содржини и за потрошувачите, и како таква станува уште еден неопходен и корисен извор на информации.
Она што ја прави особено корисна е фактот што платформата е отворена за секого, а секој лесно може да стане автор. Уште повеќе, Medium моментно има нешто повеќе од сто милиони читатели, што секако е импресивна бројка, а добро е што поголеми дел од содржините се потполно бесплатни. Сепак, постои модел на претплата што бара плаќање од 5 долари месечно (или 50 долари годишно) што овозможува неограничен пристап до целата содржина.
Апликациите за паметни телефони овозможуваат читање на содржината на Medium каде било и во секое време, а има и некои корисни додатоци. Можно е прецизно да се приспособи содржината на која сака да се фокусира читателот со означување кои теми сака да ги следи, потоа следеење на одредени автори, како и одредени изданија.
Индивидуалните статии лесно може да се додадат во фаворити и да се организираат на овој начин, има и можност за пребарување, потоа push известувања, опција за споделување статии со други, тука е и интегрираната можност за читање написи на глас (TTS), поддршка за темна тема и некои други ситници. Во секој случај, оние кои бараат интересни статии сигурно ќе ги најдат на Medium.