Се ближи претставувањето на Galaxy S23 серијата, која ќе вклучува три модели – Galaxy S23, Galaxy S23+ и Galaxy S23 Ultra. Денес дознавме нови детали за најмоќниот смартфон од серијата.
Galaxy S23 Ultra ќе пристигне како наследник на Galaxy S22 Ultra, кој беше претставен на почетокот наоваа година. Според досегашните гласини, Galaxy S23 Ultra нема да донесе некои поголеми промени во однос на неговиот претходник, но сепак се чини дека ќе има одредени подобрувања.
Корисникот на Twitter @RgcloudS објави некои детали за претстојниот уред, кои се однесуваат на екранот. Тој наведува дека Galaxy S23 Ultra ќе има AMOLED екран со максимална осветленост од неверојатни 2.200 нита. Доколку оваа информација се покаже како точна, Galaxy S23 Ultra ќе биде телефон со најсветлиот екран досега, со што ќе ги надмине iPhone 14 Pro моделите кои имаат максимална осветленост од 2.000 ните. Екраните на овие iPhone уреди се исто така направени од Samsung.
Друга важна работа што ја споменува овој дојавувач е дека екранот на Galaxy S23 Ultra наводно ќе користи 45 проценти помалку енергија од неговиот претходник.
Сепак, според Дилан Рага, експерт за екрани во XDA Developers, OLED емитерите што се користат кај iPhone 14 Pro уредите и што ќе се користат кај Galaxy S23 Ultra се идентични, додека тестовите за максимална осветленост што ги користат Samsung и Apple се различни.
Неодамна беше откриено дека Samsung Galaxy S23 Ultra ќе го има истиот перископ сензор од 10MP со оптички зум од 10x, како и телефото модул од 10MP со 3x оптички зум. Главниот сензор за камерата ќе биде со резолуција од 200 MP.
Смартфонот ќе го покренува Snapdragon 8 Gen 2 чипсет, но во специјална и побрза верзија.