Дигиталната револуција во изминатите години внесе значајни промени во сите сфери на економското делување. Општо е прифатено дека дигиталните услуги се голема предност во современото општество, во кое клучни станаа брзината и ефикасноста на завршувањето на работите. Од вакви промени не е исклучок ни банкарската индустрија. Анализите покажуваат дека банкарскиот сектор настојува да држи чекор со современите технолошки трендови, со трендовите на сѐ поголема пристапност на населението до интернет, растечката употреба на паметните телефони и согласно на ова, со променетата потрошувачка култура на населението.
Денес е евидентно дека сè повеќе ги користиме услугите за дигитално банкарство бидејќи се практични и ни заштедуваат време и пари. Интернетот и мобилните финансиски услуги ни станаа исто толку важни како и услугите на филијалите и банкоматите, ако не и поважни, а трансакциите што порано ги правевме во филијалите, сега се префрлаат на онлајн сферата.
Кај нас дигиталната трансформација во банкарските услуги започна со имплементирање на услугата Електронско банкарство која што за првпат ја воведе Халкбанк АД Скопје, Банка која денес е лидер во понуда на персонализирани банкарски услуги, како и во воведување нови технологии и обезбедување брза услуга преку високоразвиена, модерна платформа на алтернативни канали.
Електронското банкарство претставува збир од иновативни и безбедни решенија прилагодени на специфичните потреби на клиентите кои овозможуваат брзо, едноставно и сигурно завршување на банкарските обврски за кои порано беше неопходно да се оди во банка.Клиентите на Халкбанк преку електронското и мобилното банкарство на Халкбанк покрај извршување на редовните проверки и плаќања, може да вршат и продажба и откуп на девизи, да креираат шаблони за најчестиот вид плаќања, да креираат персонални буџети, потсетници за плаќања, но и да отворат орочен денарски или девизен депозит, или, пак, да аплицираат за кредит.
Пркеу електронското и мобилното банкарство и услугите Онлајн депозити Онлајн кредит на едноставен начин, во неколку чекори клиентот може да креира депозит од компјутер или мобилен телефон, или може да добие дополнителни средства на својата сметка без физичка посета на банка.
Банката во својата понуда има и иновативни решенија, како Смарт кеш опцијата која е достапна за сите корисници на електронското и мобилното банкарство и овозможува повлекување готовина од банкомат на Халкбанк без да ја имате картичката со вас.
Со избирање на полето СМАРТ КЕШ преку електронското банкарство или мобилната апликација се генерира код кој треба да го искористите на банкоматот во рок од 12 часа со цел да го подигнете посакуваниот износ на средства.
Уште една одлична апликација од Халкбанк е апликацијата HalkPay која го претвора паметниот телефон во паричник. На овој начин со телефон може да се врши плаќање на било кој ПОС терминал само со доближување на мобилниот уред. Меѓу новите иновативни решенија влегува и услугата Garmin Pay со која, и додека сте во движење или додека спортувате, можете безбедно да вршите плаќања со својот Garmin часовник.
Удобноста, достапноста, ефикасноста и брзината при користењето на електронските и мобилните платформи се самите по себе доволни показатели дека дигиталното банкарство е иднина во банкарското работење.