Иако PlayStation 5 пред две години се појави на пазарот, јапонската компанија веќе размислува за неговиот наследник.
По објавувањето на новите генерации на PlayStation и Xbox, можевме да прочитаме во некои медиуми дека можеби се последните гејмерски конзоли од овој тип што ќе бидат претставени од Sony и Microsoft. Имено, бидејќи аналитичарите предвидуваат дека иднината на пазарот на видео-игри му припаѓа на стримингот, тоа значи дека нема да има потреба да се купува скап хардвер бидејќи целата обработка и графичка интензивна работа ќе се одвива во облак, додека игрите ќе можат да да се репродуцираат на телевизорите, смартфоните или некој поевтин уред.
За да играте, ќе ви треба претплата на услуга за игри и интернет конекција – слично како Netflix, но за видео игри.
Sony и Microsoft веќе претставија вакви услуги за игри, како и Nvidia, а Google дури и влезе на пазарот со својата услуга Stadia, од која неодамна се откажа.
Ако иднината е навистина во стримингот, прашање е дали навистина ќе го видиме PlayStation 6 и уште една генерација на Xbox. Благодарение на протечениот документ, знаеме нешто, а тоа е дека Sony сè уште планира нов PlayStation. Станува збор за документ што Sony го достави до британскиот регулатор кој го истражува купувањето на Activision Blizzard од Microsoft.
Sony referred to a next generation of PlayStation console in its CMA response, with the suggested year of release being redacted
This was in a passage where it was referring to losing access to CoD after 2027, with higher potential for platform switching
PlayStation 6 in 2028? pic.twitter.com/f7govC8R7A
— Piers Harding-Rolls (@PiersHR) November 23, 2022
Меѓу другото, во документот се споменува дека Microsoft понудил игрите на Activision да бидат достапни на PlayStation до 2027 година и сугерира дека новата генерација конзола нема да биде достапна дотогаш. На оваа информација реагираше и аналитичарот Пирс Хардинг-Рол кој на Twitter праша дали тоа значи дека шестката ќе пристигне во 2028 година. Иако во документот е спомената конкретната година, таа е избришана бидејќи би ги открила корпоративните тајни планови, а со тоа и да остави впечаток за периодот за кој станува збор.
Доколку оваа информација е вистинита, не треба никого да изненади бидејќи досега Sony воведуваше нови верзии на своите конзоли на секои седум години.
PlayStation 3 беше претставен во 2006 година, PS4 во 2013 година, а последната генерација, PlayStation 5, во 2020 година. Затоа, во 2027 година (или можеби една година подоцна) навистина можеме да очекуваме нова верзија на PlayStation, освен ако плановите не се променат поради гореспоменатата популаризација на стримингот.