Иако слична функционалност е достапна веќе некое време преку платформите како Hootsuite и Buffer, многумина не сакаат да им дадат пристап до своите LinkedIn сметки поради стравот за приватноста на податоците
Дека закажувањето на објави на LinkedIn се тестира веќе извесно време, открива објава на Twitter од осмиот месец оваа година. Сето тоа сега е потврдено од Мет Навара, консултант за социјални медиуми, кој вели дека ја гледа функцијата за пост-закажување во Android апликацијата и на веб-страницата на LinkedIn.
Засега сите ја немаат оваа можност, но се појавуваат се повеќе корисници кои го потврдуваат постоењето на новата функција. Сè уште не е познато кога сите корисници можат да очекуваат пристап до оваа функционалност.
Оние кои ја имаат функцијата ќе видат мала икона на часовник покрај копчето „Објави“ во полето за пораки. Со кликнување на иконата на часовникот се нуди опција за избор на одреден датум и получасовен простор во кој сакате да закажете објава.
Оваа функционалност треба да биде попрактична, особено за оние кои само сакаат да споделат одредена содржина и не им требаат дополнителни опции што ги нудат апликациите како Hootsuite и Buffer, пренесува TechCrunch.