Македонија и Косово подготвуваат закон за криптовалути!
Во Македонија се подготвува закон за регулирање на пазарот на криптовалути. Министерот за финансии Фатмир Бесими укажува дека оваа област ќе мора да се регулира особено од перспектива на спречување на перење пари и финансирање тероризам.
„Употребата на виртуелни средства за вредност познати како „криптовалути“ ќе биде регулирана со закон. Во моментов Министерството за финансии, заедно со Управата за финансиско разузнавање, како и финансиските регулатори и супервизори работат на утврдување на сите аспекти кои произлегуваат од оваа нова појава“, изјави Бесими.
При копањето на криптовалути се троши големо количество струја, а потрошувачката на енергија за оваа намена се зголемува секоја година. Во услови на енергетска криза, ова е голем проблем за земјите кои се дел од Западен Балкан.
Студијата подготвена од Универзитетот Кембриџ покажува дека само ископувањето на Биткоин на глобално ниво троши повеќе енергија од цели земји како што се Аргентина, Холандија или Обединетите Арапски Емирати. Земјите од Балканот заедно не сочинуваат ниту 0,1% од вкупното производство на биткоин.
Во Косово веќе една година најавува закон за регулирање на пазарот со криптовалутите. Според албанските медиуми министерот за финансии Хекуран Мурати деновиве ги повика граѓаните да ги поднесат приходите од криптовалути за оданочување. Тој рече дека ќе се примени данок од околу 10 отсто од вкупната добивка.
„Ако некој инвестираше 10.000 евра во криптовалути и по некое време нивната вредност се зголеми и ги продаде криптовалутите за 20.000 евра, тогаш профитот ќе биде 10.000 и оваа капитална добивка ќе треба да се пријави на формуларот“, објаснува Мурати.