Капсулата Orion на NASA за време на викендот постави рекорд за најдалечно патување со вселенско летало наменето за транспорт на луѓе.
Orion, дел од мисијата Artemis I на NASA, постави рекорд во саботата патувајќи подалеку од кое било вселенско летало дизајнирано да носи астронаути. Ова го собори рекордот поставен од мисијата Apollo 13 во 1970 година. Во саботата, Orion беше оддалеченo 401.798 километри од Земјата.
„Мисијата Artemis 1 беше дизајнирана да ги тестира системите на Orion и откривме дека далечната ретроградна орбита е добар начин да го направиме тоа. Се покажа дека со таа голема орбита високо над Месечината, успеавме да го надминеме рекордот на Apollo 13 Уште поважно, ја поместивме границата на истражување и испраќање вселенски летала подалеку од кога било досега“, рече Џим Гафре, менаџер за интеграција на вселенското летало Orion.
Рекордот на мисијата Apollo 13 не беше планиран, но беше забележан откако беше променет планот за враќање на командниот модул Odyssey, кој соодветно достигна оддалеченост од 400.171 километар од Земјата. Ограниченото количество кислород во лунарниот модул Aquarius ја принуди NASA да го забрза враќањето на Apollo 13 на Земјата, па беше креиран план за летање кој ја искористи гравитацијата на Месечината за да го „испука“ модулот кон Земјата. Артуро Кампос создаде план за итни случаи, кој им овозможи на астронаутите Џим Ловел, Џек Свигерт и Фред Хејс да се вратат на Земјата.
Претходно Orion направи прелет над Месечината, а леталото се очекува да се врати на Земјата на 11 декември. Леталото ќе се урне во океанот на брегот кај Сан Диего.
Извор: Klix.ba