Роверот Perservance на американската вселенска агенција NASA веќе постигна многу на Марс, вклучувајќи го и првиот контролиран лет на друга планета и создавање кислород од атмосферата на Марс. Мисијата потврди минатата година дека кратерот Језеро некогаш бил огромно езеро.
Сега, ново истражување покажа дека во минатото во езерото имало органски молекули. Ова откритие може да претставува доказ дека на Марс некогаш имало живот.
Еден од авторите на истражувањето, Џозеф Разел Холис од природонаучниот и историски музеј во Лондон, откри дека Језеро бил езеро пред околу 3 или 3,5 милијарди години. Ова е периодот кога животот еволуирал на Земјата.
Истражувачите стигнаа до заклучокот за присуство на органски молекули во кратерот користејќи податоци собрани од роверот Perservance. Тие велат дека треба да анализираат повеќе примероци на карпи на Земјата за да донесат конечни заклучоци.
НАСА и Европската вселенска агенција (ЕСА) планираат да соберат примероци од Марс и да ги донесат на Земјата за анализа во 30-тите години на овој век.