Вчера дознавме дека премиерата на новата Xiaomi 13 серија смартфони ќе биде одржана во Кина на 1 декември. Презентацијата ќе се одржи во четврток, а во меѓувреме на кинеската социјална мрежа Weibo се појавија наводни вистински фотографии од двата уреди.
Xiaomi 13 има рамен екран и прилично тенки странични рамки околу него, додека Xiaomi 13 Pro има заоблен дисплеј. И двата модели имаат големи модули за нивните главни камери, со по три сензори, а делот во Pro верзијата е поширок и повисок.
Впечатлива е нестандардната поставеност на сензорите, двата поголеми дијагонално, а третиот останува во позадина. Инаку, моделите ќе го понудат новиот мобилен Snapdragon 8 Gen 2 флегшип чипсет, како и главен сензор од 50 MP со оптичка стабилизација.
Xiaomi 13 Pro ќе има и „нано“ кожна облога на задната страна.