Huawei е меѓу пионерите во производство на смартфони со екрани на преклопување, а компанијата се чини дека нема намера да се откаже од овој сегмент. Сега имаме и информации кои сугерираат што можеме да очекуваме од следниот флексибилен модел на кинеската компанија, наречен Mate X3.
Смартфонот ќе има главен екран со дијагонала од околу 8 инчи и надворешен дисплеј кој ќе може да се користи во преклопена состојба. Се чини дека Huawei веќе има прототип на моделот кој е подготвен за масовно производство.
Ова би можело да значи дека уредот ќе пристигне релативно наскоро, можеби во првата половина на 2023 година.