Крипто компанијата „БлокФи“ (BlockFi) поднесе барање за заштита од стечај според Поглавје 11 во стечајниот суд на Соединетите држави за округот Њу Џерси.
Во пријавата, компанијата вели дека има повеќе од 100.000 доверители, со обврски и средства кои се движат од 1 милијарда до 10 милијарди долари.
Во поднесокот, компанијата наведе неподмирен заем од 275 милиони долари на FTX US, американското гранче на сега банкротираната империја на Сем Бенкмен-Фрид.
Како и FTX, BlockFi исто така има подружница на Бахамите. Таа подружница поднесе барање за стечај на Бахамите во исто време со поднесувањето на барањето во САД.
Пријавата за стечај на BlockFi покажува дека најголемиот откриен клиент на компанијата има салдо од речиси 28 милиони долари.
„BlockFi се радува на транспарентен процес кој ќе го постигне најдобриот исход за сите клиенти и другите засегнати страни“, рече Марк Ренци од Беркли Истражувачката група во изјава за печатот која служи како финансиски советник на BlockFi.
Крипто-компанијата, која нуди трговска размена и услуга за чување со интерес за криптовалути, беше една од многуте компании кои се соочија со сериозни проблеми со ликвидноста по колапсот на Three Arrows Capital.
Фирмата со седиште во Џерси Сити, Њу Џерси веќе го запре повлекувањето на депозитите на клиентите и призна дека имала „значителна изложеност“ на сега банкротираната крипто берза FTX и нејзината сестринска трговска куќа Alameda Research.
„Имаме значителна изложеност на FTX и сродни корпоративни ентитети што ги вклучува обврските што ни ги должи Alameda, средствата што се чуваат на FTX.com и неизвлечените износи од нашиот кредитен капацитет со FTX.US“, соопштија претходно од „БлокФи“.
Компанијата почна да разговара со специјалисти за реструктуирање во деновите откако FTX поднесе барање за банкрот, според луѓе запознаени со ова прашање.
Претставник на BlockFi не одговори веднаш на барањата за коментар.
BlockFi кој последен пат беше проценет на 4,8 милијарди долари според PitchBook – е меѓу многуте крипто компании кои го чувствуваат притисокот од колапсот на FTX. Во јули, FTX се вклучи за да му помогне на BlockFi да избегне банкрот со продолжување на револвинг кредитен капацитет од 400 милиони долари и нудејќи потенцијално да го купи проблематичниот заемодавач.