Се чини дека Sony ќе му испорача нов камера сензор на Apple, кој ќе биде дизајниран за претстојната iPhone 15 серија идната година. Според Nikkei, новиот сензор може да овозможи значително подобрување во однос на експозицијата на камерата.
Покрај тоа, сензорот за кој станува збор речиси го удвојува нивото на сигналот на сатурација на секој пиксел во споредба со сегашните модели. Како резултат на тоа, можно е прифаќање на многу повеќе светлина.
Sony го постигнува тоа со нова полупроводничка архитектура каде фотодиодите и транзисторите се поставени во посебни слоеви. Инаку, Sony држи 44 проценти од пазарот на CMOS сензори во 2021 година, а Samsung заостанува далеку со 18,5%.
Целите на Sony се до 2025 година да достигне 60 отсто удел на пазарот. Се уште не е јасно дали Apple ќе го користи новиот сензор во сите модели од iPhone 15 серијата или само во Pro моделите.