Иако Apple Watch Ultra ja има апликацијаta Depth за аматерско нуркање и пливање, му недостигаше вистинска апликација за нуркање што може да ги искористи сите негови напредни функции
Apple Watch Ultra беше претставен во септември оваа година како прв робустен паметен часовник на компанијата, кој сега, благодарение на апликацијата Oceanic Plus, може да се користи како вистински компјутер за нуркање. Станува збор за апликација развиена од реномираниот нуркачки бренд Huish Outdoors во соработка со Apple, која ги нуди сите релевантни информации за различните нуркачки потфати.
Имено, иако Watch Ultra доаѓа со нативната Depth апликација, тој не можеше да се користи како компјутер за нуркање, туку за некои „полесни“ цели. Oceanic Plus е сосема поинаков, па работи на длабочина до 40 метри, ги предупредува корисниците ако пребрзо нуркаат или излегуваат на површина и го покажува проценетото време потребно за враќање на површината.
Покрај тоа, корисниците можат да ја постават саканата насока на нуркање во рамките на Ocean Plus, а има и планер кој ги зема в предвид плимата, температурата, видливоста и струите пред нуркањето, за да бидете подготвени за апсолутно сè. Ако нешто тргне наопаку, апликацијата ќе го предупреди корисникот користејќи ја функцијата Taptic Engine на часовникот и екранот.
Апликацијата Oceanic Plus, сепак, не е целосно бесплатна. Со други зборови, постои бесплатен план кој вклучува основни функции за нуркање како длабочина и тајминг, но функциите како следење на декомпресија, локација и слично бараат месечна претплата од 9,99 долари или годишна претплата од 129 долари.
Повеќе информации за апликацијата Oceanic Plus и нејзиниот развој се достапни на официјалната веб-страница на Apple.

