Познато е дека Србија има цел до 2040 година да обезбеди 40 проценти од вкупно произведената енергија која ќе ја добие енергијата од обновливи извори. Иако засега напредокот не е според очекувањата, сепак терба да се оддаде признание на примерите на добра пракса и сите проекти кои успешно се реализираат и носат позитивни промени.
Меѓу таквите примери наскоро ќе биде и електраната DeLasol која ќе се простира на површина од 12 хектари. Таа ќе биде приклучена на трафостаница 110/35kV во Лапово, во Шумадискиот округ. Освен по величината, оваа соларна електрана ќе биде најголема според инсталираната моќност. На годишно ниво ќе произведува 15.000 MWh електрична енергија. Се состои од дури 17.980 најсовремени панели, со поединечна моќност од 650/655Wp, чии производител е реномираната компанија Canadian Solar.
Бифацијалните панели имаат можност за производство на електрична енергија од двете страни на панелот, поради што произведуваат поголема количина на енергија. Ќе бидат поставени на специјално направена конструкција, која овозможува поголема апсорпција на рефлектираното зрачење. Добиена е градежна дозвола од општината Лапово, како и услови за проектирање и приклучување од страна на Електродистрибуција Србија.