Американската компанија Corning претстави нова верзија на стаклото Gorilla Glass Victus кое треба да обезбеди уште подобра издржливост на екраните на мобилните уреди Новата верзија логично се нарекува Gorilla Glass Victus 2, а компанијата ветува дека може да издржи падови на груби површини како бетон, од височина од еден метар или од висина на половината.
Новиот материјал ги нуди и карактеристиките на Glass Victus, кои вклучуваат отпорност на падови од височина до 2 метри на мазни површини како асфалт, преживување на 20 последователни паѓања од висина од еден метар и зголемена отпорност на гребнатини. Компанијата тврди дека во лабораториски тестови, Gorilla Glass Victus 2 издржал падови од височина од еден метар на површина што наликува на бетон.
Големината и тежината на телефоните постојано се зголемуваат во последниве години. Според Corning, сегашните уреди се 15 проценти потешки и 10 отсто поголеми од уредите од пред четири години, а новите тестови ги земале предвид овие промени.
Засега не знаеме кои ќе бидат првите паметни телефони со новото стакло, но од компанијата за The Verge велат дека прво ќе се појави во флегшип уред во следните неколку месеци, а потоа ќе се користи во други продукти од висока класа. Не е исклучено Gorilla Glass Victus 2 најпрвин да ги видиме во Galaxy S23 серијата, што се очекува на почетокот на февруари, бидејќи во 2020 година првото издание на Gorilla Glass Victus најпрвин се појави во уредите на Samsung.