Светското фудбалско првенство се одржува во Катар, а еден од условите што требаше да го исполнат катарските власти за да ја добијат организацијата на Мундијалот беше климатизацијата на сите осум стадиони.
И покрај загриженоста дека системите за ладење не можат значително да ја намалат температурата на отворените стадиони, сите осум стадиони на светскиот шампионат имаат специјално дизајнирани разладни единици.
Технологијата е развиена во соработка со Катарскиот универзитет и користи сончева енергија за напојување на вентилаторите кои го вовлекуваат надворешниот воздух и го ладат, а потоа го испраќаат низ отворите за вентилација на трибините и теренот.
Со оглед на тоа што се работи за систем за циркулација на воздухот, оладениот воздух се вовлекува назад во системот каде се повторува процесот на ладење, но и се филтрира (прочистување) пред повторно да се ослободи низ отворите за вентилација на штандовите и теренот. Тоа е посебно корисно за лицата кои имаат проблеми со алергии, бидејќи воздухот на стадионите е многу чист.
#FIFAWorldCup in Qatar: AC stadiums show how technology is shaping sports!
Nicknamed ‘Dr. Cool’, the engineer behind the outdoor cooling technologies for #FIFA #WorldCup #Qatar 2022 stadiums, tells reporters he was inspired by his PhD study on air conditioning for a car. pic.twitter.com/QnPuNYkBSj
— RJ Saksi™ (Media Professional) (@saksivarnan) November 19, 2022
Исто така, важно е да се напомене дека технологијата е 40 отсто поодржлива од постоечките техники и доволно е да се започне процесот на ладење два часа пред натпреварот, што значително ја намалува потрошувачката на енергија.
Пријатен престој на навивачите на трибините обезбедуваат отворите за вентилација, односно дифузерите поставени под седиштата, кои исфрлаат воздух под агол за ладењето да биде што поблаго. Стадионите се ладат на температури меѓу 18 и 24 степени.